Македонски автобус излетал од пат во Србија
![Македонски автобус излетал од пат во Србија](https://gdb.rferl.org/C3138F89-FF40-4A5D-9427-C6876BD7DAFE_w800_h450.jpg)
Македонски автобус утрово се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, јавуваат српските медиуми. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a неколкумина поминале со полесни повреди.За сега нема информации за причината за несреќата.
Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, и во тек е распределба на повредените.