Трамп:Светска банка да не и позајмува пари на Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Светската банка да престане да и дава заеми на Кина. Ова доаѓа еден ден откако оваа финансиска институција одобри заем за Пекинг и покрај противењето на Вашингтон.
„Зошто Светската Банка и позајмува пари на Кина ? Можно ли е ? Кина има многу пари, и ако и снемам, ги создава. Стоп! Напиша Трамп на својот твитер профил.
Светската банка на 5 декември усвои план со кој и позајмува на Кина 1 милијарда долари со ниска камата до јуни 2025 година. Меѓународната организација соопшти дека заемите за Кина ќе помогнат во унапредување на пазарот и фискалните реформи со цел охрабрување на приватниот сектор.
САД се најголемиот акционер во Светска банка, но не поседуваат вето за кредитирање на одредени земји.