Приведени 50 луѓе по судирот со полицијата во Атина
Грчката полиција привела околу 50 луѓе а десетина се уапсени при судирот со демонстранти во Атина по повод одбележувањето на 11 годишнината од убиството на средношколецот. Станува збор за средношколецот Алексис Григорополус кој на 6 декември 2008 година беше застрелан од полицаец. На протестите беше повреден еден полицаец, а причинета е и сериозна материјална штета, соопшти полицијата.
Тензиите и инциденти, започнаа кога маскирани лица ја нападнаа полицијата со предмети, во главно мермер и со молотови коктели, по што полицијата интервенираше со шок бомби и солзавец.