Финска доби премиерка, најмлад шеф на влада во светот
![Финска доби премиерка, најмлад шеф на влада во светот](https://gdb.rferl.org/8C8363F6-664E-49F0-B4C5-0D5744D5E3DB_w800_h450.jpg)
Триесет и четиригодишната Сана Марин положи заклетва во финскиот Парламент, со што стана најмладиот премиер во светот. Пред да стане премиерка таа претходно беше министерка за транспорт, беше и пратеничка и заменик премиер.
Марин работеше и како претседател на градскиот совет во родниот град Тампере. Таа функција ја презеде во 2012 година на 27-годишна возраст.
Марин доаѓа на премиерското место, откако досегашниот премиер Анти Рине се повлече минатата недела, откако ја изгуби довербата од член на владејачката коалиција.
Марин ќе ја предводи централно-левичарската коалиција, составена од нејзината социјалдемократска партија и уште четири други партии, сите предводени од жени.
Вториот најмлад премиер во светот е 35-годишниот премиер на Украина, Олексиј Хончарук.