Изгаснат пожарот на единствениот руски носач на авиони
Изгаснат е пожарот на единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, откако екипите за итни случаи еден ден се бореа со пламенот. Руските власти за бродоградба соопштија дека на пожарникарите им требале повеќе од 24 часа да го изгаснат пожарот кој избувнат на бродот кој бил укотвен на бродоградилиштето на Арктикот. Пожарот избувнал додека на бродот се правеле поправки.
Во пожарот двајца луѓе загинаа, а здравствените власти соопштија дека 14 луѓе се примени во болница со повреди здобиени при пожарот. Еден од повредените е во сериозна состојба.
По гаснењето на пожарот, се врши истрага за причините за пожарот.