Северна Кореја изврши ново тестирање на ракети
![Северна Кореја изврши ново тестирање на ракети](https://gdb.rferl.org/E2F83625-B329-42DE-A909-C0FF4F63CE26_w800_h450.jpg)
Северна Кореја денеска соопшти дека успешно завршиле нов „клучен тест“ на нивната постројка за лансирање на ракети со голем дострел.
Објавата доаѓа во време во кое Северна Кореја врши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за рокот кој севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го даде за одржување на нуклеарните разговори меѓу двете земји. Јонг Ун во тој период очекува од Вашингтон да понуди заемно прифатливи услови за договор за нуклеарната програма.
Академијата за одбрана на Северна Кореја не прецизираше какви тестови се направени во петокот. Само ден претходно Пјонгјанг соопшти дека спровеле многу важен тест на истата постројка на северозападот на земјата што ги засили гласините дека се работи за проба на нов мотор за ракета за лансирање во вселената или за интерконтинентална балистичка ракета.