Продолжена конференцијата на ОН за климатските промени
Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени што се одржува во Мадрид наместо вчера, како што беше предвидено, завршува денеска поради неможноста на преговарачите да се усогласат за нацрт резолуцијата. Како што се јавува текстот на резолуцијата се преговарал и во текот на ноќта.
Министерката за животна средина на Чиле Каролина Шмидт која претседаваше со разговорите кои траеја две недели апелираше до државите да ја препознаат избалансираноста во последниот нацрт документ и побара од претставниците да му покажат на светот дека испорачуваат и дека мултилатеризмот фукнционира.
Претставници на 196 земји и на Европската унија се состанаа во главниот град на Шпанија на разговори за начините како да им се помогне на сиромашните земји да се справат со финансиските загуби предизвикани од климатските промени и од правилата за намалување на емисиите на гасови. За време на пленарната сесија вчера учесниците не се согласија дали е потребно до крајот на оваа година да се објават поамбициозни цели за исполнување до 2030 година. Според климатскиот договор од Париз од 2015 година, целите за 2030 година треба да се договорат во 2020 година.