Најмалку девет загинати во напад во Авганистан
![Најмалку девет загинати во напад во Авганистан](https://gdb.rferl.org/5B4FD2EE-E496-4E61-AFA4-D44597C26066_w800_h450.jpg)
Најмалку еден припадник на авганистанск милиција застрелал девет негови колеги рано утринава во напад кој авганистанското министерство за внатрешни работи го квалификуваше како внатрешен. Локални извори и Талибанците пак тврдат дека бројот на загинати е најмалку е 24 лица. Полицискиот портпарол Забихула Муџахид рече дека нападот бил координиран и се случил на контролна точка. Се уште нема многу детали, а полицијата врши увид на местото на нападот кој се случи во централната провинција Гази. Не е познат ниту точниот број на напаѓачи.