Македонецот во странство: Довидување или збогум
Последните истражувања поврзани со иселувањето покажуваат дека желбата на младите да си заминат од Македонија е присутна. Оние кои се во странство велат дека животот и таму не е лесен. Болната вистина е дека се додека не се создадат поволни услови, повеќето од нив не размислуваат да се вратат дома.