Француската влада не отстапува од пензиските реформи
![Француската влада не отстапува од пензиските реформи](https://gdb.rferl.org/241E4555-452E-4D9E-9071-DFA464431110_w800_h450.jpg)
Француската влада е решена да ја спроведе планирана реформа на пензискиот систем и покрај штрајкот на национално ниво и протестите на синдикатите кои се противат на реформата, изјави денеска францускиот премиер Едуард Филип.
Тој вели дека противењето на реформите е легитимно, но дека владата е решена да го спроведе проектот и да го реформира пензискиот систем.
Во земјата веќе 13 ден траат протестираат против пензиската реформа. Поради протестите владее сообраќаен хаос, оти возовите не сообраќаат. А денеска на протестите се приклучија наставници, лекари, вработените во Ајфеловата кула и други работници, кои ја прекинаа својата работа за да се спротивстават на промените на пензиски систем.
Макрон сака да спои 42 различни пензиски планови во еден пензиски систем, кој според него ќе биде поправичен и финансиски одржлив.