Лабуристот Хојл пак на чело на британскиот Парламент
Британските законодавци го реизбраа лабуристот Линдси Хојл за претседател на Парламентот, откако вети дека ќе биде непристрасен и фер во улогата на модератор, јави Ројтерс.
„На претседателот на парламентот мора да се верува. Имам докази дека сум непристрасен, независен и праведен“, рече Хојл пред пратениците да ја изведат парламентарната традиција, „одвлекувајќи” го до столчето наменето за претседателот на Парламентот.
Хојл првпат беше избран на оваа функција во ноември, малку пред Парламентот да биде распуштен на пет недели пред изборите.