Боки 13 на распит во Обвинителството за „Меѓународен сојуз“
![Боки 13 на распит во Обвинителството за „Меѓународен сојуз“](https://gdb.rferl.org/AF27AD39-1BAE-4652-9B23-9E554A1E3984_w800_h450.jpg)
Првоосомничениот во случајот „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски – Боки 13 денеска од затворото Шутка, каде издржува притвор за случајот „Рекет“ е спроведен во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Тој е меѓу петтемина осомничени за овој случај.
На распит утринава во Обвинителството бил и таткото на Боки13, Миле Јовановски, како и асистентка од Меѓународниот сојуз, Христина Блажевска.
Претходно, во врска со случајот во Обвинителството исказ даде и пратеничката Фросина Ташевска-Ременски. Покрај Ременски, во својство на осомничена даде исказ и потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ.
Обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“, пред неколку дена изјави дека очекува во јануари да биде поведено обвинение и за случајот со „Меѓународниот сојуз“.
Истрагата за Меѓународен сојуз се однесува на злоупотреба за измама и перење пари.