Русија и Украина постигнаа договор за транзит на гас
Москва и Киев постигнаа прелиминарен договор за транзит на рускиот гас во Европа преку Украина, пред изминувањето на претстојниот рок на тековниот договор кој завршува на крајот на оваа година.
Сегашниот договор за транзит на гас меѓу Русија и Украина завршува на крајот на оваа година и врските меѓу двете земји се нарушени откако Москва го анектираше Полуостровот Крим во 2014 година и ги поддржа сепаратистите во источна Украина.
„Руската и украинската страна потпишаа меморандум за разбирање“, изјави портпаролот на рускиот гигант загас „Гаспром“ кој беше цитиран од руските новински агенции, но не беа дадени детали за договорот.
Рускиот заменик премиер Дмитриј Козак и министерот за енергетика Александер Новак беа цитирани од новинската агенција РИА како велат дека станува збор за петгодишен договор кој ќе биде потпишан пред крајот на месеецот.
Тековниот договор меѓу двете земји завршува на 31 декември, а Претседателството на Украина на Фејсбук го потврди договорот.