Во Казахстан се урна патнички авион, десетина загинати
Казахстански авион со 95 патници и пет членови на екипажот се урна во близина на аеродромот во Алма Ата. Локалните медиуми јавуваат дека имало преживеани, додека десетина загинале. Авионот летал за Нур-Султан, кој порано беше познат како Астана и кој е главен град на Казахстан. „Авионот се урнал при полетувањето. Итните служби работат на местото на настанот“, наведуваат локалните власти.