Рускиот ракетен систем Авангард пуштен во употреба
Руското Министерство за одбрана соопшти дека го информирало претседателот Владимир Путин дека контроверзниот нов хиперсоничен интерконтинентален ракетен систем Авангард е пуштен во употреба. Ова е последен јавен знак за руските напори за производство на високо-технолошко оружје, во услови на влошени односи и отфрлање на нуклеарните договори со Западот.
Системот Авангард може дополнително да ги закомплицира веќе сложените напори за продолжување на историскиот Договор за намалување на стратешкото оружје СТАРТ меѓу САД и Русија, кој истекува во февруари 2021 година. Вашингтон инсистира и Кина да биде вклучена во новиот договор за ограничување на распоредувањето на стратешки у нуклеарни боеви глави. Претходно, САД се повлекоа од Договорот со Русија за нуклеарни сили со среден дострел и ја обвинија Москва дека развива оружја забранети според договорот.
Авангард е еден од неколкуте напредни системи кои Путин ги најави во 2018 година, како одговор на напорите на Вашингтон за унапредување на противракетните способности. Тој рече дека новиот систем Авангард ќе биде отпорен на сите постојни и потенцијални одбранбени системи на потенцијалниот противник.