МВР - Приведени 12 луѓе кои шверцувале дрога
![МВР - Приведени 12 луѓе кои шверцувале дрога](https://gdb.rferl.org/83E399AE-EE57-4A37-BF71-8A87BAC77118_w800_h450.jpg)
Министерството за внатрешни работи учествуваше во меѓународна истрага за сузбивање на криминална група која тргувала со дрога, при што се приведени 12 луѓе. Во соопштениетона МВР се наведува дека во ноември и декември годинава, македонската полиција во соработка со австриската и српската полиција пресекла повеќе меѓународни канали на тргување со дрога, при што се запленети 17 килограми хероин и пет килограми кокаин. Според МВР запленетата дрога на нелегалниот пазар би достигнала вредност од околу еден милионо евра.
Групата составена од македонски државјани вршела продажба и транспорт на хероин во регионот и во земјите од Западна Европа. За време на меѓународната истрага во неколку наврати се уапсени македонски државјани во Австрија, во Унгарија и во неколку градови во Србија, кои пренесувале или се обиделе да тргуваат со дрога. Во истрагата уапсен е и еден албански државјанин. И во Македонија се уапсени двајца македонски државјани, кои се дел од организираната криминална група, стои во соопштението од МВР.