Украина склучи нови договори со САД за ракетите „Џавелин“
Украинскиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Петренко изјави дека Киев неодамна склучил договори за испорака на втората серија на американските противтенковски рактни системи „Џавелин.“
Петренко рече дека три договори се потпишани во изминатите три месеци во врска со системите „Џавелин“ – два со Владата на САД во рамки на програмата за Надворешна воена продажба и еден со Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО.
Американскиот Стејт департмент во октомври ја одобри продажбата од 39,2 милиони долари за воена опрема за Украина, вклучително втората серија на системите „Џавелин“ – најсмртоносната светска противтенковска ракета, за да му помогне на Киев во тековната петгодишна војна против сепаратистите поддржани од Русија.
Договорот наводно вклучува 150 „Џавелин“ ракети и 10 лансирачки единици, кои ќе бидат додадени на 210-те ракети и 37 лансирачки единици коишто Украина ги купи од САД во 2018 година.