Времето денеска ќе биде облачно и студено
![Времето денеска ќе биде облачно и студено](https://gdb.rferl.org/7954B72C-ECAE-46AB-9B63-8862B7C57F21_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег на повисоките места и на планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 3 степени, а дневната од минус 3 до 9 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со утринска температура до минус 1 степен, а дневна температура до 5 степени. рп/