Дипломатско возило удрило во полицаец
Возило со дипломатски ознаки удрило во полицаец во близина на Владата, соопшти МВР. Несреќата се случила вчера во 15,17 часот во Скопје, на булеварот „Св.Климент Охридски“ во близина на Владата, кога возило „хјундаи“ со дипломатски ознаки, управувано од Н.Г. (54) удрило во Х.А., полициски службеник.
Полицаецот е пренесен во Градска општа болница Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.