По две ипол години затвор за штипјаните кои тепаа девојка и се снимаа
![По две ипол години затвор за штипјаните кои тепаа девојка и се снимаа](https://gdb.rferl.org/C4D4899F-5ECF-4063-BAB1-6A70431AC49D_w800_h450.jpg)
Двајцата штипјани кои тепаа нивна сограѓанка и при тоа се снимаа и снимката ја објавија на социјалните мрежи денеска се осудени на по две ипол години затвор.
Кривична пријава и притвор за момчињата кои тепаа девојка во Штип
Пресудата ја донесе Јулијана Неткова, судијка од Основниот суд во Штип. Настанот се случил во јануари годинава, а снимката од тепањето се појави неодамна, по што насилниците беа идентификувани и приведени.
Тие на суд ја признаа вината, се извинија и понудија обештетување на истепаната девојка.