Бугарија инсистира добрососедските односи да бидат во главниот кластер за ЕУ, Германија се противи
Радио Слободна Европа има увид во коментарите кои Софија ги испратила за нацрт преговарачката рамка со Скопје и во самата нацрт рамка која се уште е во фаза на преговори. Бугарија бара добрососедството да се третира како суштинско прашање, а македонскиот јазик да не биде дел од рамката.