Нови 407 случаи на ковид 19, седуммина починале
![Нови 407 случаи на ковид 19, седуммина починале](https://gdb.rferl.org/3571CE8E-28B4-43F8-8610-AB6CF0119C8D_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 187, Кавадарци 35, Велес 28, Куманово 18, Охрид 18, Тетово 17, Струга 16, Делчево 16, Прилеп 12, Демир Капија 7, Струмица 5, Радовиш 5, Гостивар 4, Битола 4, Кичево 4, Гевгелија 4, Неготино 4, Крива Паланка 4, Крушево 4, Штип 3, Кочани 3, Кратово 3, Свети Николе 1, Дебар 1, Ресен 1, Берово 1, Виница 1 и Демир Хисар 1 случај.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 399 оздравени пациент. Починале 7 лица, сите во болнички услови.
Во болниците има 589 ковид пациенти и околу 500 слободни места
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.