По девет часа заврши „Таргет-Тврдина“, пресуда во петок
По речиси девет часа заврши рочиштето за завршните зборови на одбраната во случајот „Таргет-Тврдина“, а пресудата е закажана за 26 февруари. Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а 1.541 број и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Читать дальше...