Пронајдени 400 килограми хероин од Иран во Бугарија
Бугарските власти соопштија дека конфискувале повеќе од 400 килограми хероин од брод што патувал од Дубаи и превезувал градежен материјал од Иран. Обвинителот Владимир Чавдаров рече дека дрогата била поделена во 487 пакувања и била скриена меѓу ролните за асфалт што ги носел бродот. Царинските службеници во црноморското пристаниште Варна запленетиот хероин го проценија на околу 22 милиони долари. Обвинителите соопштија дека сопственикот на компанијата увозник и царински службеник биле приведени и обвинети за трговија со дрога. Читать дальше...