ЕУ работи на укинување на американските санкции кон Иран
Европската унија (ЕУ) „напорно работи“ со новата американска администрација за укинување на санкциите еднострано наметнати од САД кон Иран, но го повикува Техеран да ги почитува своите обврски од меѓународниот договор за нуклеарниот договор, изјави портпаролот на Унијата Питер Стано.
„Високиот претставник на ЕУ Jозеп Борел игра улога на координатор и работи многу напорно за да се врати меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма на вистинскиот пат“, изјави Стано.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вчера побара од ЕУ да посредува меѓу Иран и Соединетите држави во решавањето на прашањето за спасување на договорот за иранската нуклеарна програма.
Во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, Зариф рече дека Борел може да биде координатор на заедничкиот комитет за следење на спроведувањето на договорот и да ги следи мерките што ги спроведуваат и САД и Иран. Стано додаде дека Борел е во контакт со сите страни, како и со новата американска администрација, со цел договорот да биде целосно имплементиран.
Техеран бара да не се објавуваат детали за нуклеарната програма
Договорот, кој официјално се вика „Заеднички сеопфатен акционен план“ беше потпишан во јули 2015 година во Виена од Иран и групата 5 плус 1, која се состоеше од петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, Соединетите држави) и Германија како потписник во име на ЕУ.
Во мај 2018 година, САД еднострано се повлекоа од договорот со Иран и престанаа да учествуваат во сите активности предвидени со договорот. По повлекувањето на Соединетите Држави, Иран започна да ги занемарува своите обврски.