Во болниците има 589 ковид пациенти и околу 500 слободни места
![Во болниците има 589 ковид пациенти и околу 500 слободни места](https://gdb.rferl.org/786208ad-3543-4f34-86ae-788b98c28ddb_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство денеска информираше дека вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во болниците низ земјата има 334 хоспитализирани. Со тоа, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 589 и има околу 500 празни болнички кревети.
Во Македонија нема нови рестрикции и покрај мутациите на ковид-19
Минатата недела повеќе ковид позитивни, а помалку починати
„Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми. Вчера во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми, а на Инфективната клиника 9“, соопшти Министерството, од каде додаваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.