Минатата недела повеќе ковид позитивни, а помалку починати
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информираше дека бројот на позитивни ковид случаи за периодот од 25 до 31 јануари е зголемен за 17,9 отсто во однос на претходната недела. Според неделниот извештај на ИЈЗ, за тој период се регистрирани 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во земјава, а тестирани биле 13.742 материјали, што е зголемување од 24,5% во однос на минатата недела.
Во Македонија нема нови рестрикции и покрај мутациите на ковид-19
Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лица биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.
Недостиг од вакцини во ЕУ, во игра и руската
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60