Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2021

„Проблем за кој не смее да се молчи“

0
„Проблем за кој не смее да се молчи“

Универзитетското студентско собрание при УКИМ ги повика студентите да пријават сексуално вознемирување кај студентската правобранителка Теа Мицевска. „Доколку постојат такви случаи во рамките на Универзитетот, овој повик служи за да ги охрабри студентите да пријават бидејќи станува збор за проблем за кој не смее да се молчи и против кој ќе се избориме заеднички “, вели Мицевска.

Движењето #MeToo или „И јас“ започна пред две години и се уште е активно. Последниве денови зеде замав во регионот со случаите „Јавна соба“, сведоштвото на српската актерка Милена Радуловиќ, босанската Фејсбук група „Нисам тражила“...

Ова ги мотивираше членовите на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да објават повик до студентите за да пријават сексуално вознемирување кај студентската правобранителка.

„Во високото образование не смее да има простор за сексуално вознемирување! Универзитетот мора да биде безбедна зона за сите студенти. Јавна тајна се случаите кога одредени професори се однесуваат предаторски кон своите студентки, злоупотребувајќи ја својата позиција на авторитет. Овие професори не само што треба да бидат етички осудени, туку против нив треба да бидат покренати дисциплински постапки и истите да го загубат своето место во академската заедница.

Ги охрабруваме сите студентки и студенти кои се почуствувале вознемирани или загрозени од своите професори, да ја контактираат студентската правобранителка Теа Мицевска преку нејзиниот мејл pravobranitel.ukim@gmail.com. Вашата анонимност е загарантирана. Студентскиот правобранител и студентското собрание се тука за да ви помогнат и заедно да го решиме проблемот. Не си сам/а!“, е повикот објавен на нивната Фејсбук страна.

Оваа појава е дел од прашањата по кои може да постапува студентскиот правобранител.

„Секако, доколку постојат такви случаи во рамките на Универзитетот, овој повик служи за да ги охрабри студентите да пријават бидејќи станува збор за проблем за кој не смее да се молчи и против кој ќе се избориме заеднички “, вели Теа Мицевска, студентска правобранителка при УКИМ.

Таа открива дека откако е таа на функција досега немала таква пријава, меѓутоа Мицевска смета дека и покрај тоа „сексуалното вознемирување е многу поприсутно отколку што сме свесни“.

Што е сексуално вознемирување?

„Главниот проблем го лоцирам во неможноста за препознавање на сексуално вознемирување. Гледано како една од формите на сексуално насилство, под сексуално вознемирување се подразбира било каков облик на несакано вербално, невербално или физичко однесување коешто има сексуален карактер, а последица на таквото однесување е повреденото достоинство на лицето кон кое е насочено. Под сексуално насилство се подразбираат и различни сексуални пораки, допири, непристојни понуди. Јавноста досега била сведок на случаи на сексуално вознемирување во рамките на Универзитетот, за што следеа санкции. Од особено значење е студентите да бидат информирани за облиците на сексуално насилство за да можат да ги пријават, па и во таа насока работиме на проект за заштита од дискриминација којшто е од едукативен карактер и наскоро ќе биде презентиран. Во овој момент не би можело да се каже дали и колку е присутно сексуалното вознемирување, со оглед на тоа што нема пријавени случаи. Единствено што може да се каже е дека доколку сексуалното вознемирување се јави во било каков облик, задолжително треба да биде пријавено, бидејќи жртвата не е онаа којашто треба да молчи, да се чувствува засрамено и деградирано. Како млади луѓе мораме активно да се бориме против сексуалното вознемирување како едно девијантно однесување во општеството “, истакна Мицевска.

Клучот за превенцијата од сексуалното вознемирување, според Мицевска, е во едукацијата уште од најрани години. Но, исто така вели дека со давање поддршка на жртвите и санкционирање на било кој од облиците на сексуалните напади „доаѓа до израз и превенцијата, бидејќи покажуваме какви ќе бидат последиците“.

Гласот на жртвите во регионот почна се погласно да се слуша почнувајќи од 16 јануари, кога актерката Радуловиќ го прекина молкот за сексуалното вознемирување од менторот и основач на актерското студио „Ствар Срца“, Мирослав „Миќа“ Алексиќ, за постојано силување пред девет години, кога имала само 17 години. Таа ги објави своите обвинувања во интервјуто објавено во весникот Блиц. По неа, се охрабрија да проговорат и други жртви, а 68-годишниот Алексиќ беше приведен на 17 јануари и е обвинет за осум кривични дела за силување и седум незаконски дејствија што се протегаат повеќе од една деценија. Алексиќ негирал какво било злосторство.

По овој случај, се актуализираше и босанската страница на Фејсбук наречена „Нисам Тражила“ - или „Јас не го побарав тоа“ - привлече особено внимание. А кратко потоа, поточна од минатата недела се слушна гласот на жртвите од групата „Јавна соба“ која постои на социјалната мрежа „Телеграм“. Групата броеше над 5.600 членови кои споделува експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки. Групата е позната од минатата година за властите, а сега се актуализираше откако девојка од Гевгелија објави видео на социјалните мрежи со сведоштво. Таа група е затворена, но Министерството за внатрешни работи проверува слични групи.





Губернаторы России
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Фёдор Шаляпин

«Всю жизнь я зарабатывал пением и… легким аферизмом». Прохор Шаляпин раскрыл источники дохода в шоу «Вкусно с Анфисой Чеховой» на ТВ-3




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск


Анна Курникова

Курникова показала трогательные фото Энрике Иглесиаса



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Українські новини

Відомий аграрій Кормишкін, складає свої депутатські повноваження



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России