Нови 350 случаи на коронавирус во Македонија
Во изминатото деноноќие се регистрирани 350 нови случаи на коронавирус во Македонија. Пријавени се 20 починати, од кои шестмина во изминатото деноноќие, а 14 починале во Клиниката Жан Митрев во периодот од 4 до 30 јануари. Направени биле 2291 тестирања.
Најмногу нови случаи има во Скопје 180, Кавадарци 24, Велес 19, Куманово 14 и Тетово по 14, Гевгелија 12, Охрид 8, Гостивар, Струмица и Делчево по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш по 6, Штип и Демир Капија по 5, Свети Николе и Крива Паланка по 3, Битола, Берово и Демир Хисар по 2, и по еден нов случај во Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово.
Регистрирани се 266 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831.