За 24 часа во Македонија 467 пријави за неносење заштитна маска
![За 24 часа во Македонија 467 пријави за неносење заштитна маска](https://gdb.rferl.org/f73f615e-56a6-4fd8-aa3a-fc230f562b52_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на цела држава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 467 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Полицијата и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Казната за непочитување на мерката за задолжително носење лична опрема за заштита во затворени и отворени јавни места изнесува 20 евра.