Третa интерпелација за Димитров пред Собранието
За три и пол години ова е трето барање за интерпелација на Никола Димитров, како член на владата. Односите со Бугарија се јавуваат како причина во сите случаи. Опозицијата бара замрзнување на работата на заедничката комисија со Бугарија, за да се постигне национален консензус за спорот со соседот.