Третина од приведените во Авганистан жртви на тортура
![Третина од приведените во Авганистан жртви на тортура](https://gdb.rferl.org/EF39E3D3-2425-49B8-A38A-6FF2732FDAEB_w800_h450.jpg)
Скоро една третина од лицата приведени за Авганистан под обвинение за тероризам или закана за безбедноста се предмет на тортура или малтретирање во центрите за притвор, се наведува во извештајот на ОН.
Во извештајот, објавен денеска, се наведува дека во авганистанските центри за притвор има широко распространета злоупотреба и не се почитуваат законите за заштита.
Извештајот се базира на интервјуа со повеќе од 650 мажи, жени и деца обвинети за безбедносни закани или за поврзаност со тероризам. Иако е забележано мало намалување на случаите на пријавена тортура во периодот 2019-2020 година од претходниот извештај, во извештајот се вели дека ситуацијата во притворските центри е „алармантна“.
Во јужната провинција Кандахар, родното место на талибанците, скоро 60 проценти од интервјуираните пријавиле тортура или малтретирање.
Техниките за тортура вклучувале ќотек, електро шокови и давење со вода.