САД против одлуката за надлежност над териториите окупирани од Израел
Соединетите држави се спротивставија на одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) според која судот е надлежен за териториите окупирани од Израел, вклучително и на Западниот брег, појасот Газа и источен Ерусалим.
Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Соединетите држави не веруваат дека Палестинците „се квалификуваат како суверена држава“ и затоа не се квалификувани да бидат член на меѓународни организации, вклучувајќи го и МКС.
Израел не е член на МКС. Одлуката на МКС се чини го отвора патот до главниот обвинител на МКС Фату Бенсуда да отвори истрага за израелските активности, вклучително и можни воени злосторства.
Палестинците, кои се приклучија на судот во 2015 година, побараа од него да ги разгледа израелските активности за време на војната против палестинските милитанти во Појасот Газа во 2014 година и изградбата на населби на Израел од западниот брег и присоединување на Источен Ерусалим.