Глечер од Химелаите се урна во брана во Индија
Жителите од многу села се принудени да се евакуираат од северна Индија, откако денеска се откина глечер од Хималаите и се урна во хидроцентрала. Се стравува дека има околу 150 мртви, пренесува Ројтерс.
Вистинската бројка сè уште не е потврдена“, но се претпоставува дека се мртви од 100 до 150 лица, изјави за Ројтерс Ом Пракаш, главниот секретар на државата Утараканд, каде се случил инцидентот.
Локалните жители стравуваат дека настрадале луѓето што работеле на блискиот проект за хидроенергија, како и селаните кои се движеле крај реката барајќи огревно дрво или паселе говеда.
Индиските воздухопловни сили се подготвуваат да помогнат во спасувачките операции, соопшти индиската влада, додека министерот за внатрешни работи Амит Шах рече дека екипите за одговор при катастрофи се пренесени со помош на авиони за да помогнат во спасувањето.