Ковачки: Кривична за Шекеринска за злоупотреба на доверливи документи
До Основното јавно обвинителство (ОЈО) поднесовме кривична пријава против министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за „злоупотреба на функцијата и класифицирани документи за лична и партиска промоција“, информираше денеска Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен кандидат за технички министер за внатрешни работи и висок офицер во Армијата.
„Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и содржини од класифицирани документи, да искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција. Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната“, рече Ковачки на денешната прес-конференција.
Поради ова, како што рече Ковачки, министерката Шекеринска треба итво да си поднесе оставка.