САД со санкции врз режимот во Мјанмар
![САД со санкции врз режимот во Мјанмар](https://gdb.rferl.org/EAD4EBFF-AC8F-4BC8-8CE4-A7E7CCF53C73_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден ја одобри извршната наредба за овозможување санкции против припадниците на војската на Мјанмар, кои го предводеа неодамнешниот пуч. Бајден ги повика генералите да се откажат од власта „и да демонстрираат почит кон волјата на народот на Мјанмар“. Тој исто така повторно ја повика војската да ги ослободи политички лидери и активисти што ги притворија. Бајден рече дека извршната наредба има за цел санкционирање на воените лидери кои го режирале пучот и се однесува на нивните деловни интереси и блиското семејство.
Полицијата во Мјанмар со оружје и водени топови против демонстрантите
Санкциите ќе ги спречат генералите да имаат пристап до средства од една милијарда долари во САД, рече тој, додавајќи дека претстојат уште мерки. Соединетите држави, исто така, ќе воведат извозни контроли врз земјата. Извршната наредба ќе го отвори патот за санкции, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, додавајќи дека континуираните демонстрации укажуваат на аспирациите на луѓето за демократија.