Фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на Деве Баир
![Фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на Деве Баир](https://gdb.rferl.org/819D53F0-B9E0-44EB-91CA-B0FC664ED30D_w800_h450.jpg)
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на граничниот премин „Деве Баир“ при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции денеска откриле 30 ПЦР тестови за Ковид-19, за кои постои сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки биле одземени.
Двајца албански државјани, како што се посочува во соопштението на МВР , биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка.
Речиси 9 милиони евра потрошени за тестирање за ковид-19 на приватно
За останатите 28 патници, македонски државјани, ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавно обвинителство.