„Вечното танго на љубовта“ во скопската Галерија „Ко-Ра“
![„Вечното танго на љубовта“ во скопската Галерија „Ко-Ра“](https://gdb.rferl.org/70192f63-e8bf-4a24-b07f-54c3ff4ca408_w800_h450.jpg)
Осумнаесет македонски ликовни уметници од неколку генерации и различни творечки определби учествуваат на традиционалната групна ликовна изложба „Вечното танго на љубовта во нас“, што годинава се одржува од 12 до крајот февруари во Галерија „Ко-Ра“, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.