Бесими: Ако се потребни дополнителни средства ќе има ребаланс на буџетот
Доколку има потреба за реализација на дополнителниот сет средства ќе има ребаланс на буџетот, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими по презентацијата на петтиот сет мерки за ублажување на ефектите од кризата. Според него, уште при носење на буџетот се издвоиле 50 милиони евра како програма за ковид и тие средства ќе се реализираат во текот на првата половина од годината.
„Беше најавено и минатата година, како што ќе следи годината ќе имаме соодветна корекција на буџетот, односно ребаланс, доколку има потреба во реализацијата на дополнителниот сет средства, зависно од тоа како ќе течат економските движења. Ние сме во рамки на проекциите на ММФ, Светската банка и Европската комисија за тоа што ќе се случува во текот на годината, односно економските проекции, затоа во буџетот кога дадовме среднорочна рамка имавме проекции на оптимистичка и песимистика варијанта“, појасни Бесими.
Презентиран 5. ковид пакет: 9,7 милијарди денари за 29 мерки
Според него, со успешната реализација на динамиката на вакцината на светско ниво и кај нас, во втората половина од годината може да се очекува раст.