Разрешена врховната судијка Лидија Неделкова
![Разрешена врховната судијка Лидија Неделкова](https://gdb.rferl.org/7CCE3047-9A68-4753-BBE8-A6F9DCD4D94C_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Судскиот совет на денешната седница ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова. Постапката против судијката Неделкова се водеше по претставка поднесена од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.
Вангеловски за Неделкова поднесе две барања за разрешување до Судскиот совет - дека Неделкова како претседателка на одделот за казниви дела во Врховниот суд на 25 март 2016 година изготивла писмо со невистината содржина адресирано до Кривичниот суд, во кое е наведено дека одделот го разгледал барањето и укажал дека СЈО мора соодветно да се легитимира за својата надлежност, иако одделот не одлучувал за тоа барање. Истото писмо потоа повторно било заведено со друг датум и доставено до судот.
Неделкова е и суспендирана, односно не смее да оди на работа се до правосилноста на одлуката.
„Констатиравме дека она што е утврдено во Извештајот на Комисијата составена од тројца членови на Судски совет е основано. Основано е дека тоа се факти кои се утврдени врз основа на изведени докази, и тоа на секој доказ поединечно, на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка“, изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата.
Беса Адеми избрана за претседателка на Врховниот суд
Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Во петокот Судскиот совет ја одбра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.