Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2021

Онлајн наставата се подобрува, но има уште многу проблеми

0
Онлајн наставата се подобрува, но има уште многу проблеми

67 проценти од наставата се одвива преку Мајкрософт Тимс, заклучија истражувачите од ЛЕАД и „Конрад Аденауер“ кои ги презентираа наодите од националното истражување за далечинската настава.

Користењето на дигиталните алатки во наставата е подобрено и зголемено во споредба со последното тримесечје од ланската учебна година. Ова е еден од заклучоците во анализата „Далечинско учење или далеку од учење?“ на здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАР) и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Анализата се фокусираше на наставата во средните училишта, а вакво истражување спроведоа и на крајот од минатата учебна година.

Иван Јованов од ЛЕАД на онлајн-презентирање на резултатите соопшти дека наставата сега во 67 проценти се одржува преку Мајкрософт тимс, додека лани 61 отсто од наставата била испраќање задачи и презентации на електронска пошта или смс. Но, незадоволството кај учениците е зголемено, и највисок процент односно 37,3 отсто дале просечна (3) оценка. Тие изјавиле дека имале поголем притисок, зголемен број обрвски и забелешки дека наставата не била доволно интерктивна. Според резултатите од истражувањето доминантен метод за пренесување знаење е се уште испраќање задачи на Мајкрософт тимс и Националната платформа „Едуино“. Од анкетираните (55 проценти од средношколците и 87 проценти од наставниците) оцениле дека далечинското учење им одзема уште повеќе време за разлика од второто полугодие лани.

„Едуино“ пак, само 9 проценти од наставниците ја искористиле, истакнувајќи дека има технички проблеми и нефункционалност. Поточно, кога се обидувале да се најават повеќемина, платформата не можела да го поднесе сообраќајот, не им дозволувал да се најават, па се префрлале на Мајкрософт тимс. Над половина од анкетираните наставници (51 отсто) одговориле дека ги подобриле вештините во онлајн-наставата во прво полугодие во однос на второто лани, но тоа не е постигнато со обуки, туку низ самиот процес и со вежбање.

Понатаму, наставниците истакнале дека имале малку време да се подготват за скратени програми, односно доцна биле испратени.

„Иако имаше многу технички проблеми, наставниците ги надминаа, но најголемите потешкотии доаѓаа од програмата, затоа што не беше соодветно скратена и за предметите како физичко, ликовно, музичко не беше дадено акцент како да се прилагоди. Мојот предмет, информатика, беше скратен на задачи и повторување. Програмата треба да биде изработена како што треба. Упатствата пристигнуваа премногу доцна и беа непрофесионално направени“, изјави професорка Јасмина Арсовска, која учествуваше во дискусијата по презентацијата на резултатите од истражувањето.

Професорката по спорт и спортски активности, Јасмина Бедриоска потврди дека недостасува прилагодување на нејзиниот предмет. Според неа, нивото за спорт на учениците е многу ниско.

„Учениците ми се на возраст од 14-15 година и сметам дека треба да се вметнат овие навики токму сега. Заега, целиот процес е дискусија и да им давам тема за да подготват презентација. Апсурдно е да им пуштам видеа, клипови... Зависи од секој индивидуално дали ќе ги изгледа или не, на тоа не сакам ни да мислам. Младите ни се загрижувачки, со деформитетети, со прекумерна телесна тежина и со комуникација се обидувам да стекнат здрави навики“, објасни Бедриоска, која истакна дека најчесто прашањата се за диетите.

Претставниците на невладините организации советуваа професорите да подготват забелешки и препораки од нивното искуство и да ги испратат до Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование за да можат, доколку е потребна далечинска настава од септември, да направат посоодветни подготовки и упатства за следната учебна година.

Според резултатите, 20 проценти изјавиле дека се има случено да се вклучат ученици кои не се дел од наставата, а пак 5 проценти од учениците или биле жртви или сведоци на злоупотреба на приватност и лични податоци. Еден од примерите е сликање на екранот, а потоа препраќање и објавување на тие фотографии од ученици.

Меѓу препораките на истражувачите беше и изменување на Законот за средно образование за да се воведе загарантирано ученичко учество. Таа препорака се должи на наодот од истражувањето според кое 12 отсто од учениците изјавиле дека не биле избрани претседатели на класовите. Додека 24 проценти изјавиле дека изборот бил недемократски, односно наставникот бил на некој начин инволвиран. Исто така, 50 проценти од учениците изјавиле дека не се запознаени со улогата на ученичко претставнишство.

На почетокот се обрати и Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, кој истакна дека предизвиците ги има во сите земјите и дека не постои земји која беше потполно подготвена.

„Пандемијата не воведе во процесот на иновации, не е се така лошо. Оваа пандемија особено во одредени области отвори нови перспективи и се надевам наскоро ќе ја надминенеме пандемијата и ќе се нормализира опшштеството и образованието“, рече Браун, кој дополни дека мора да се работи на дигитализацијата.

Во рамки на истражувањето биле испратени анкетни прашалници до 763 ученици и 390 наставници, а биле спроведени и длабински интервјуа со 20 наставници.





Губернаторы России
Москва

Собянин сообщил об открытии «Домиков добра» для сбора гуманитарной помощи





Москва

Совместное заявление участников круглого стола, приуроченного ко «Дню защиты прав безвинно осужденных»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Более пяти тысяч семей в СВАО получили новые квартиры по реновации



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Николай Цискаридзе

«Я в жизни Насти»: Цискаридзе озвучил секрет популярности Волочковой




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Этот спорт воспитывает силу и упорство»: Вице-спикер Народного Хурала Бурятии приняла участие в открытии чемпионата России по гиревому спорту

ЕВРО-2024: большой футбол ждет слушателей «Авторадио»

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов 12 июня установил мировой рекорд по чеканке мяча в «Лахта Центре»


Уимблдон

Рафаэль Надаль пропустит Уимблдон ради подготовки к Олимпиаде



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Вильфанд: приятный подарок погоды ожидает россиян в ближайшие дни



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России