Меркел: пандемијата нема да заврши додека светот не се вакцинира
Германија и другите богати земји можеби треба да им дадат дел од своите вакцини на земјите во развој бидејќи само со вакцинирање на целиот свет ќе заврши пандемијата со коронавирусот, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Како што пренесува Ројтерс, зборувајќи на видео конференцијата на лидерите на Групата 7 најразвиени земји таа рече и дека не дискутирале за специфичен процент од нивниот фонд на вакцини кои би ги дале на посиромашните земји.