Мицкоски: Сѐ е договорено, направија цуркус од државата
![Мицкоски: Сѐ е договорено, направија цуркус од државата](https://gdb.rferl.org/54D7527C-642B-4BE7-AEBE-D21DF3A243DB_cx3_cy5_cw55_w800_h450.jpg)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека немаат логика објаснувањата на премиерот Зоран Заев по појавувањето на обвинетиот Сашо Мијалков пред Обвинителството за организиран криминал и корупција. На вечерашната прес конференција Мицкоски кажа дека во државата функционира хибриден режим.
„Сите плаќаме прескапа карта за циркусот што ни го сервираат и наша заедничка обврска е да му ставиме крај на овој хибриден режим. Направија веќе циркус од државата. Заев доста е. Човекот ве гледа во очи и нема гајле. Си играат мајтап и мака си немаат. Совршено јасно дека има договор. Прво да избега, па да се врати. Со шамар за полицијата и со сите институции. Остануваше уште да му се извинат. Бидејќи тој им се извини. Тешка хаварија за само неколку десетици часови. Го упропастија системот и поплукаа по правдата“, изјави вечерва Мицкоски.
Мијалков се појави, бил болен и немало да бега
Претходно денеска Мицкоски упати апел до сите партии во парламентот да ја зачуваат свеста и да изгласаат недоверба на Владата.