Нови 509 случаи на ковид 19, девет лица починале
Во последните 24 часа Институтот за јавно здравје, регистрирал 509 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш – по 1 случај.
Регистрирани се 354 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 9 починати лица. Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови. Направени биле 2.813 теста.
Во ковид центрите има 658 пациенти и 415 слободни места
Инаку вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.