Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2021

Добрососедски односи преку младински пријателства

0
Добрососедски односи преку младински пријателства

Со дводневна конференција која започна денеска, граѓанскиот сектор подготвува терен за отворање на билатерални канцеларии за соработка меѓу младите од Грција и Северна Македонија.

„Да ги поврземе поврзувачите“ е дводневната конференција која започна денеска чија цел е отворањето на билатералните канцеларии за младинска соработка меѓу Грција и Северна Македонија. Предвидено е учесниците на конференцијата да креираат и предлог документи со политики и активности со конкретни чекори за младинска соработка кои ќе ги достават до министерствата за надворешни работи на двете земји. Овој процес го започнаа невладините организации „Младински сојуз – Крушево“ и „Младинскиот сојуз УНЕСКО“ од Солун минатата година.

Идејата за канцелариите поттекнува од Преспанскиот договор, кој предвидува дека „државите ќе дадат поддршка и ќе ги поттикнат контактите меѓу нивните граѓански општества, како и меѓу нивните институции и локални власти, вклучително и активностите за соработка меѓу младите и студентите, како и нивна размена, а со цел постигнување на подобро разбирање и соработкамеѓу нивните народи“.

На отворањето на конференцијата се обрати американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс која истакна дека зголемувањето на свеста за културите кај младите ќе придонесе до подобри резултати во меѓусоседските односи. Посочувајќи дека Преспанскиот договор отвори нова страна меѓу Северна Македонија и Грција, грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кондурос истакна дека оваа иницијатива е добредојдена.

„Позитивниот став на новите генерации е клуч за иднината“, изјави амбасадорот Кондурос.

Германската амбасадорка во Македонија, Анке Џисела Холштајн во своето обраќање потсети на центрите за соработка меѓу младите од Германија и Франција по Втората светска војна за да се надмине воениот период и омразата меѓу народите. Таа истакна дека досега во овие центри учествувале над 9 милиони млади. Примерот на француско германските билатерални центри за младите е водилка во основањето на македонско грчките билатерални центри.

„Ние длабоко веруваме дека градењето на вакви мостови меѓу младите од различни земји во регионот, меѓу соседи можат да направат навистина голема разлика. Како млади луѓе, во ваши раце е да бидете слушнати, да кажете каква иднина сакате за вас и вашата земја и да придонесете во нејзино обликување. Добрососедските односи се клучни во секој аспект“, изјави германската амбасадорка Холштајн.

Искуството на француско-германските младински канцеларии, според кое ќе се создаваат македонско-грчките, го споделија генералните секретари на канцелариите од двете земји.

„Многу е важно да не ги игнорираме предизвиците на историјата кои се вмрежуваат кај младите генерации за да се избориме против национализмот и другите проблеми со кои се соочуваме денеска“, истакна Тобиас Буто, германскиот генерален секретар во француско германската младинска канцеларија.

Тој дополни дека рецептот за успех е мрежа на доверба која ќе ги зближи младите.

„Ние сме толку блиску, а толку далеку“, истакна студентка од Грција и член на иницијативата „Соработка за заедничка иднина“, Аегли Сакелари презентирајќи резултати од истражувањ за перцепциите на младите луѓе од Северна Македонија и Грција.

Во рамки на истражувањето биле спроведени интервјуа и анкети меѓу 700 млади на возраст од 18 до 35 години. Според резултатите, над 85 проценти од македонските учесници биле во Грција, наспроти тоа 60 проценти од грчките учесници никогаш не ја посетиле Северна Македонија. Исто така, заклучиле дека Грците ги посетуваат истите локации за одмор како и Македонците, но интеракцијата меѓу нив е на ниско ниво. Дополнително, за подобрување на односите и соработка, Македонците ја гледале одговорноста кај владите, а Грците во граѓанскиот сектор.

Конференцијата претставува финален дел од првата фаза на спроведување на иницијативата за основање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција од страна на Младински Сојуз – Крушево. Проектот е поддржан од амбасадите на Германија и САД.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал, как электробусы помогают улучшать экологическую ситуацию





Москва

«ЯРКО» провела развлекательную программу на фестивале «Крутая песочница»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: В этом году к проекту «Открой#Моспром» присоединился один миллион человек



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Найк Борзов

Найк Борзов, Therr Maitz, ZOLOTO и еще четыре десятка концертов за 2 дня




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Московские школьники завоевали четыре медали на престижной Международной олимпиаде

В Москве вручили премию МУЗ-ТВ — 2024

В Москве выставили на продажу редкий Mercedes-Benz SLR McLaren за 100 млн рублей


Елена Рыбакина

Елена Рыбакина «заменила» Геннадия Головкина



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Музей Победы ко Дню медика открыл новую площадку



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России