Во ковид болниците се лечат 1147 пациенти, слободни околу 740 кревети
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови низ земјава е 1147 и во ковид-центрите има околу 740 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство.
Со кинеските вакцини започнува имунизацијата низ цела држава
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во главниот град вкупно се лекуваат 473 лица сомнителни и потврдени за ковид-19. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.
Министерството потенцира дека бројот на приеми во Скопје изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 280 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во изминатите 24 часа, пак, во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 674 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.