Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2021

Новости за 03.05.2021

Во пожарот кај Галичник зафатени 1О хектари шума

SlobodnaEvropa.mk 

Во пожарот кај селото Галичник – општина Маврово и Ростуше кој избувна вчера околу 13 часот беа зафатени околу 10 хектари шума . Оваа за Радио Слободна Европа го изјави директорот на националниот парк ,,Маврово,, Самир Ајдини кој додаде дека 6,6 хектари биле со смрека ,како и приземна вегетација  низ борова шума и одредена површина со бор.   Директорот на паркот Ајдини изјави дека станува збор за територија која е  дел од националниот парк Маврово , и додаде дека пожарот бил пријавен во 13 часот. Читать дальше...

ЕУ го повика рускиот амбасадор во Брисел по рестрикциите на Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија го повика рускиот амбасадор во Брисел по забраната за влез на осум официјални претставници на блокот во Русија. „Рускиот амбасадор е повикан, тој треба да биде примен во попладневните часови од генералниот секретар на Европската комисија и на Европската служба за надворешни работи, каде што ќе му пренесеме силна осуда и приговор“, кажа портпаролот за надворешна политика на ЕУ Питер Стано на денешниот брифинг со новинари. Минатата недела Министерството за надворешни работи на Русија забрани влез за осум претставници на ЕУ... Читать дальше...

Нови 25 починати од корона вирус, 62 новозаразени

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 572 тестирања при што се регистрирани 62 нови случаи на ковид-19, пријавени се 25 починати, а 398 пациенти оздравеле, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Најмладиот починат пациент е на возраст од 36 години, а највозрасниот 86. Како што информира МЗ, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени е 133.871, на починати 4.961... Читать дальше...



Вархеји утре во Скопје по повод пристигнувањето на првите вакцини од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре ќе ја посети Северна Македонија по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ. Заедно со Вархеји, во Скопје ќе допатува и австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер. Според најавата, еврокомесарот за проширување утре ќе се сретне  со премиерот Зоран Заев во Владата, по што заедно со Едштадлер и министерот за здравство Венко Филипче, ќе го посетат вакциналниот пункт во А1 СЦ Борис Трајковски. Читать дальше...

Кинеските вакцини пристигнуваат во внатрешноста, имунизацијата низ државата почнува утре

SlobodnaEvropa.mk 

Со 200 илјади кинески вакцини „Синофарм“ кои пристигнаа на 30 април утре, според најавите, треба да почне имунизацијата во вакциналните пунктови низ целата држава вклучително и во шест градови во внатрешноста на државата. Вакциналните пунктови во внатрешноста има во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид. Со кинеските вакцини започнува имунизацијата низ цела држава Денеска првата пратка од вакцините „Синофарм“ за имунизација против Ковид-19 пристигна во Регионалниот центар за вакцинација... Читать дальше...

Заев: Никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации.

SlobodnaEvropa.mk 

Информацијата е јавно добро. Дезинформацијата е опасноста, порача премиерот Зоран Заев во својата честитка до медиумските работници по повод 3 Мај – Денот на слободата на медиумите. " На Светскиот ден на слободата на медиумите, важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации. Властите кои кај нас криеја информации ја заробија државата. Од 2017 година ги отворивме институциите, ги декласифициравме податоците за трошењата... Читать дальше...

Во Авганистан убиени 15 војници во талибански напади

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 15 војници на авганистанската влада се убиени во талибанските напади во две провинции, во услови кога насилството продолжува да расте, додека преговорите меѓу двете страни имаат за цел да стави крај на 20-годишната застој на конфликтот. Најмалку седум војници биле убиени во нападот на 2 мај врз армискиот пункт. Според  официјални лица, милитантите предизвикале експлозија во село во областа Бала Булук откако поставиле експлозив под земја во тунел што го ископале од блиската куќа. Талибанците го потврдија нападот... Читать дальше...

По шест месеци карантин отворени угостителските објекти во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

По шест месеци пауза, поради карантинот, од денеска се отворени  угостителските објекти во Грција, под посебни правила и протоколи, а полицискиот час ,пак, во таа земја започнува од 23, наместо од 22 часот. Угостителските објекти работат само во надворешните делови, без музика, со ограничено работно време до 22.45 часот, забрането е стоење, дозволено е најмногу шест лица на една маса, а масите треба да бидат на растојание од 0.90 до 1.80 см, во зависност од поставеноста на столчињата. Маската е задолжителна за персоналот... Читать дальше...



EK предлага поблаги рестрикции за патувања за вакцинираните

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија (ЕК) им предлага на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) да ги релаксираат сегашните ограничувања на несуштинските патувања за граѓаните од т.н. трети земји кои биле вакцинирани со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) . Земјите-членки на ЕУ исто така се повикуваат да ги земат предвид кампањата за вакцинација и развојот на епидемиолошката состојба низ целиот свет при ублажување на мерките. ЕМА досега одобри вакцини од „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „АстраЗенека“. Читать дальше...

Полициски час и 20 години од конфликтот во 2001-ва - вие коменирате

SlobodnaEvropa.mk 

Две информации што ги објавува РСЕ имаат најмногу коментари на нашата ФБ страница – потсетувањето дека полицискиот час укинат по вечерта и ноќта спроти Велигден продолжува од вчера, недела, од 21 часот до 5 часот наутро, и одбележувањето на ДУИ на 20 годишнината од воениот конфликт 2001 година.

Мас: Спорните прашања меѓу С Македонија и Бугарија да ги решат историчарите, без притисок од надвор

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, денеска на заедничката прес-конференција во Берлин со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, порача дека Германија нуди поддршка преку нивните искуства за решавање на билатералното прашање меѓу Скопје и Софија, но останува ова прашање да се реши на билатерално ниво, а преговорите да ги водат историчарите. " За нас е одлучувачки она што се однесува до преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија. Самите вешти лица, историчарите, мора да ги водат во рамки на своите комисии... Читать дальше...

Од среда полициски час од 23.00 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот координативен кризен штаб  и предлага на Владата на наредната седница да усвои одлука забраната и посебниот режим на движење да трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – да биде до 22:30 часот, соопшти владината Прес-служба. "Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда)"... Читать дальше...

Со помош на АРМ изгаснат е пожарот во Галичник

SlobodnaEvropa.mk 

Изгаснат е големиот пожар кој вчера до доцна во ноќта гореше на непристапен терен над селото Галичник. Месната заедница на социјалните мрежи соопшти дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта. Хеликоптер на АРМ ќе се справува со пожарот над Галичник Центарот за управување со кризи, соопшти дека пријавата за пожарот ја добиле вчера во 13.30 часот "Утрово во Галичник е мирно. Извид на лице место направи пешадиска... Читать дальше...

На инфективните оддели се лекуваат 1085 ковид пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 1085 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, a во ковид-центрите има 757 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во главниот град вкупно се лекуваат 468 ковид пациенти од кои голем дел се на кислородна поддршка. " Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Читать дальше...

Како до повеќе вакцини против ковид-19?

SlobodnaEvropa.mk 

Белата куќа соопшти дека Соединетите држави размислуваат како да ги надминат проблемите со интелектуалната сопственост за побрзо производство и дистрибуција на вакцините против ковид-19 во посиромашните земји.

Во Индија над 360 илјади новозаразени од корона

SlobodnaEvropa.mk 

Индија денеска регистрираше 368.147 нови случаи на заразени од корона вирус, со што вкупниот број е зголемен на околу 20 милиони соопштија властите. Во меѓувреме пристигна и новата меѓународна помош во Индија за да се намали недостатокот на кислород и медицински материјали, а британската влада соопшти дека ќе испрати дополнителни 1.000 вентилатори во таа земја. Во текот на изминатата недела, Индија забележа 2,6 милиони нови случаи и скоро 23 800 смртни случаи, со што вкупните жртви од вирусст се зголемија на околу 215 000 лица. Читать дальше...

Нефункционален парламент и нови најави за блокади

SlobodnaEvropa.mk 

Ланските избори се очекуваше да донесат „повредно“ собрание со постабилно мнозинство кое ќе може да биде и поефикасно. Но, наместо тоа ковид кризата, тенкото парламентарно мнозинство и одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не прави кворум го прават нефункционално.

Мицевски- размислуваме за сите можности во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вели дека не ја отфрлаат можноста за формирање на осум пратенички групи. На тоа, додава, ги терал односот на владејачкото мнозинство.

Од властите е потребна поддршка за слободата на медиумите

SlobodnaEvropa.mk 

Од власта и институциите се очекува да покажат сериозна одговорност и посветеност во поддршката на медиумските права и слободи, во насока на креирање поволен амбиент за медиумите во кој што тие ќе дејствуваат без ограничувања и препреки, велат од Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. "Секој обид изолирано да се интервенира во медиумските политики и реформи, спротивно на заложбите на професионалната медиумска заедница, ќе го... Читать дальше...


Музыкальные новости
Сергей Шнуров

Рокер Шнуров на «Новой фабрике звезд» пристыдил певца Киркорова за Евровидение





Rss.plus
Футбол

Футбол Беларуси. Минское «Динамо» сразилось с «Шахтером» из Солигорска




Названы 4 лучших туристических направления, куда можно отправиться без загранпаспорта

Врач Болибок: эффективность вакцинации против аллергии зависит от состояния иммунитета

Певец Пресняков публично обратился к проживающему в США сыну от Орбакайте

С когда-то владельца крупного банка на Дальнем Востоке сняли судимость




САД велат дека Кина „дејствува се поагресивно“

SlobodnaEvropa.mk 

Кина дејствува се поагресивно во странство и се порепресивно дома, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен. Во интервју за Си-Би-Ес тој рече дека Вашингтон нема да дозволи Кина да го наруши меѓународниот поредок заснован врз правила. Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија во последно време потади трговски недоразбирања и коронавирусот. На прашањето која е долгорочната цел на Пекинг, Блинкен рече: „Мислам дека со текот на времето Кина верува дека може да биде и ќе биде доминантна земја во светот“. Читать дальше...

Украинскиот претседател Зеленски во Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на канцеларијата за меѓународна политика на претседателот на Република Полска, Кшиштоф Шчерски најави дека денеска во Полска ќе престојува претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе ја посети Варшава за да присуствува на прославата на 230-годишнината од усвојувањето на Уставот и да се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда. За возврат, полскиот лидер ќе ја посети Украина во август за време на прославата на 30-годишнината од независноста на Украина. Шчерски исто така истакна дека според... Читать дальше...

Чибишева - Бремените и жените кои дојат, да се вакцинираат

SlobodnaEvropa.mk 

Релевантните здравствени здруженија препорачуваат вакцинација по личен избор на бремените жени и на жените кои дојат. Ние како здравствен персонал ги мотивираме да се вакцинираат и да се заштитат од тешки облици на болеста и евентуално од хоспитализација, вели доктор Весна А. Чибишева од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Светски ден на слободата на печатот: притисоци врз независноста

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска е Светскиот ден на слободата на печатот, 3 мај. Во заедничката изјава, генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и германската министерка за правда Кристина Ламбрехт изразија „загриженост за нападите врз новинари и ограничувањата на слободата на печатот во многу делови на Европа, нагласувајќи дека слободата на медиумите е клучна во услови на криза“. Новинарството блокирано во над 130 земји „Во демократија, новинарите играат витална улога во откривањето на вистината и држењето на владата од одговорна. Читать дальше...

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе се состанат лично за прв пат од 2019 година

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи и развој на Г7 денеска ќе го почнат првиот лице-в-лице состанок во последните две години, како дел од претседателството на Британија со групацијата на богатите земји. Последниот состанок на министрите за надворешни работи од водечките светски економски сили се одржа во Франција, во април 2019 година поради глобалната пандемија на коронавирусот. Контактот од тогаш беше преку интернет. Британскиот секретар за надворешни работи Доминик Рааб рече дека строгите мерки за безбедност за ковид-19... Читать дальше...

Американската воена опрема пристига во Албанија пред вежбата на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Големо количество американска воена опрема пристигна во албанското пристаниште Драч пред големата вежба на НАТО во таа земја. Околу 700 парчиња воена опрема на Националната гарда на Флорида пристигнаа во Драч, вклучувајќи голем број возила за кои американските власти велат дека не биле видени во Албанија од крајот на Втората светска војна. Опремата ќе се користи за време на двонеделна вежба со учество на околу 6.000 американски војници во шест албански воени бази. Вежбата ќе се одржи во Албанија од 17-ти до 2-ри јуни... Читать дальше...



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Колледжи проведут Дни открытых дверей



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Виктор Цой

Цой жил: съемки звезды «Кино» и эксперименты Билли Айлиш




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве


ATP

Даниил Медведев идет третьим в чемпионской гонке ATP, Андрей Рублев — пятый



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

В Яндекс Аренде назвали 10 районов Москвы, где дешевле всего снять квартиру



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России