Мицотакис се надева на удвојување на приходите од туризмот годинава
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се надева дека земјата годинава ќе ги удвои приходите од туризмот во однос на минатата 2020 година, кога имаше голем пад предизвикан од пандемијата на коронавирус. Тој синоќа нагласи дека нема да прави никакви компромиси во однос на здравствената безбедност за прием на туристи по официјалното отворање на летната сезона. „Минатата година остваривме 25 отсто од приходите од 2019, оваа година се надеваме дека тоа ќе надмине 50 отсто, рече Мицотакис на онлајн форум. Читать дальше...