Временска прогноза – облачно и топло
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. Максималните температури ќе бидат во интервал од 23 до 31 степен.
Во Скопје слично време со максималната температура ќе достигне до 28 степени.
Утре ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност. Во вторник дневната температура ќе се намали за неколку степени и ќе има локални врнежи од дожд.