Османи ќе бара поддршка за датум за преговори во Берлин, Копенхаген и Стокхолм
![Османи ќе бара поддршка за датум за преговори во Берлин, Копенхаген и Стокхолм](https://gdb.rferl.org/b4117dc3-6664-4db4-bddf-01fad5659502_w800_h450.jpg)
Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре започнува нова европска турнеја во која ќе ги посети Берлин, Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ.
Од утре Османи е во посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, со државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот и други политичари.
Османи: Спорот со Софија не е подигнат на ниво на услов за ЕУ, ама мора да се реши
Оттаму заминува за Копенхаген, на средба со министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, а дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм на 5 мај, каде ќе биде примен министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.
Покрај билатералните односи, централна тема на средбите ќе биде барањето поддршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ.